Рано утрово Државната изборна комисија ги објави првите неофицијални резултати од Локалните избори.
Во трката за членови на Советот на град Охрид беа 11 листи, а во советот влегуваат нешто над половина – 6, односно четири партии и две независни листи.
Најмногу гласови освои советничката листа на ВМРО ДПМНЕ – 10 693 или процентуално 36,09%, СДСМ и коалицијата освоија 8 731 глас процентуално 29,47%, ДУИ 2 349- 7,93%, Група на избирачи-Димитар Велјаноски (Охрид пред се’) освоја 1.979 – 6,68%, Левица 1 628 гласа -5,49%, ГИ-Антонио Наумоски (Охрид има план Б) 1 407 гласа-4,75%, ЛДП/ДОМ 631 глас- 2,13%, ГИ-Стевче Стевоски 339 гласови-1,14%, Единствена Македонија 207 гласа – 0,70%, Беса 279 гласови – 0,94% и ТМРО 189 гласа – 0,64%.
Согласно првичните неофицијални резултати на ДИК, Распоредот во Советот на Општина Охрид е следен:
- ВМРО ДПМНЕ 10
- СДСМ 8
- ДУИ 2
- Охрид пред се’ 1
- Левица 1
- Охрид има план Б 1
Во моментов течат жалбените рокови, а резултатите од локалните избори за советот треба да ги потврди ДИК.
Г.Момироски