По вчерашната ждрепка во Амстердам каде Македонија ги доби противниците за новиот циклус од УЕФА Лига на Нации, беа одредени датумите и термините на одигрување на натпреварите.
Првиот меч нашата селекција го игра на домашен терен против Ерменија. Со истата селекција го завршуваме циклусот. Во втората и третата рунда Македонија гостува кај Грузија односно Естонија. Во четвртата и петтата Грузија и Естонија гостуваат во нашата земја.
Благодарение на освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од УЕФА Лигата на Нации Македонија сега се натпреварува во Лига Ц. Со освоено прво место во групата по ова издание на Лигата на Нации би следувала промоција во Лигата Б.
Лигата на Нации исто така ќе понуди дополнителна можност за квалификација на Светско Првенство на два најдобро рангирани пробедици од групите на Лига на Нации кои нема да обезбедат директен пласман на светското превнство преку квалификациите. Директен пласман на Светско првенство ќе обезбедат десетте победници на групи од квалификациите во 2021 година. Во разигрувањата за едно од трите преостанати места за светското првенство во Катар ќе земат учество десетте вторпласирани екипи од квалификациите, како и две најдобро рангирани победници од групите на Лига на Нации кои нема да завршат на првите две места во квалификациите. – се вели во соопштениет од ФФМ.
Распоред:
5 септември, 2020 | 15.00 ч. Македонија – Ерменија
8 септември, 2020 | 18.00 ч Грузија – Македонија
8 октомври, 2020 | 20.45 ч. Естонија – Македонија
11 октомври, 2020 | 18.00 ч. Македонија – Грузија
13 ноември, 2020 | 20. 45 ч. Македонија – Естонија
16 ноември, 2020 | 18.00 ч. Ерменија – Македонија
OhridNews