Англиската фудбалска федерација го одреди датумот за почеток и распоредот за новата сезона во Премиер лигата. Фудбалските возбудувања во Премиер лигата ќе започнат на 14 август со дерби пресметка во Лондон, помеѓу Тотенхем – Манчестер Сити. Соседско дерби ќе има на „Олд Трафорд“ каде силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед – Лидс.

Европскиот првак Челси во првата рунда ќе се сретне со Кристал Палас, но потоа го очекува пеколен натпреварувачки ритам. „Сините“ во втората и третата рунда ќе се сретнат со Арсенал и Ливерпул, а во петтата и шестата со Тотенхем односно Манчестер Сити.

Ливерпул, пак, во првата рунда гостува кај повратникот во елитата Норвич, а Арсенал кај Брентфорд.

  • 1 рунда:

Брентфорд – Арсенал

Барнли – Брајтон

Челси – Кристал Палас

Евертон – Саутемптон

Лестер – Вулверехемптон

Манчестер Јунајтед – Лидс

Њукасл – Вест Хем

Норвич – Ливерпул

Тотенхем – Манчестер Сити

Ватфорд – Астон Вила

OhridNews