Првиот месец во Новата 2021 година повторно ќе биде во знакот на македонскиот репрезентативен ракомет. „Црвено жолтите“ по службена пат, но сепак, ќе бидат дел од собирот на најдобрите ракометни селекции, откако Чешка поради голем број на ковид позитивни случаи го откажа учеството.

Македонската репрезентација ќе го заземе местото и распоредот на Чешка. Новата авантура на Мундијалите, Македонија ќе ја започне против селекцијата на Шведска на 14 јануари. Во втората рунда, нашата селекција ќе се судри со домаќинот Египет. Фазата по групи ја завршуваме со Чиле, селекција која два пати ја совладавме во текот на подготвителниот период.

Инаку, Светското првенство во Египет стартува утре (среда), со дуелот помеѓу Египет и Чиле, во рамките од нашата група.

Распоред:

  • 1.рунда

13 јануари: Египет – Чиле (18ч)

14 јануари: Шведска – Македонија (20:30ч)

  • 2.рунда

16 јануари: Египет – Македонија (18ч)

16 јануари: Чиле – Шведска (20:30ч)

  • 3.рунда

18 јануари: Македонија – Чиле (15:30ч)

18 јануари: Шведска – Египет (18ч)

OhridNews

 

Обновено: ИХФ потврди, Македонија наместо Чешка на Мундијалот во Египет!