Македонската фудбалска репрезентација, квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година ќе ги отвори на гостински, а ќе ги заврши на домашен терен.
Во првата рунда, Македонија гостува кај Романија, а во последната силите во Скопје ќе ги одмери со Исланд. Натпреварот со Германија на Националната арена „Тодор Проевски“ кој ќе привлече најмногу внимание се игра на 11 окотмври.
Мундијалските квалификации ќе се одиграат со забрзан ритам и во краток временски период, како никогаш до сега. Квалификациските мечеви стартуваат во март, а завршуваат во ноември. Првопласираната селекција на табелата во групата обезбедува директен пласман на Светското првенство, а второпласираните заедно со двете селекции победнички во Лигата на Нации ќе играат бараж.
- Распоред:
25 март: Романија – Македонија
28 март: Македонија – Лихтенштајн
31 март: Германија – Македонија
2 септември: Македонија – Ерменија
5 септември: Исланд – Македонија
8 септември: Македонија – Романија
8 октомври: Лихтештајн – Македонија
11 октомври: Македонија – Германија
11 ноември: Ерменија – Македонија
14 ноември: Македонија – Исланд
OhridNews
Германија најзвучен ривал на Македонија во квалфикациите за СП