Ракометната федерација на Македонија (РФМ), веднаш после ждрепката го одреди распоредот на натпревари за новата сезона во Супер лигата.

„Гладијаторите“ авантурата во македонскиот ракометен шампионат ќе го започнат на гостински терен против новајлијата Голден Арт КЛ7. Во втората рунда охриѓани се слободни. Потоа следуваат дерби средбите со Радовиш во третата, Пролет во четвртата и Струга во петтата рунда.

Новата сезона ќе стартува на 12/13 септември.

OhridNews

Обновено: Охрид против Струга, Пролет, Радовиш и три дебитанти во Супер лигата