По повод почетокот на Велигденски пости, на 1 март (недела) – Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие), информира Дебарско – кичевската епархија. Исто така од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Утрена со часови и вечерна во 7:00 часот, Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски 16:00 часот.
На 4 март, среда, архиерејска ќе се одржи преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На 6 март, петок, ќе има утрена со часови и преждеосвештена литургија во 6:00 часот, а во 16:00 часот мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица.
На првиот акатист од Велигденскиот пост, владиката Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
На 7 март, сабота, на празникот Тодорова сабота, Архиерејска литургија ќе се одржи во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Митрополит г.Тимотеј.
На 8 март, недела, на празникот Недела на Павославието, Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Никола“ – Геракомија, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
OhridNews