По повод впишувањето во списокот на светиите на Преподобните Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. јуни, сабота, во 16:00 часот во селото Вишни ќе се служи воскресна вечерна богослужба и измивање на моштите на Св. Спаса.
Во 17:00 часот во катедралниот храм „Св. Софија“ – Охрид ќе се служи воскресна вечерна богослужба, додека во 18:00 часот пречек на моштите на Св. Спаса и последен парастос.
На 09 јуни, недела, во 07:30 часот ќе биде отслужена утрена воскресна богослужба, а во 08:45 часот ќе биде пречекот на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија и објавување на одлуката за канонизација на св. Спасе и св. Спаса Вишенски.
На архиерејската литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите претставници на Архиерејскиот синод на МПЦ-ОА, и претставници од помесните православни цркви. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник, велат во соопштението.
OhridNews