Во петок (2 јули) и сабота (3 јули) ќе се одиграат четвртфиналните мечеви на Европското првенство во фудбал. Осминафиналните натпревари донесоа одлични натпревари и неколку изненадувања, што дополнително ја загрева атмосферата пред разврската во топ 8.
Четвртфиналните мечеви ќе ги отворат Шпанија – Швајцарија на „Гаспром Арената“ во Санкт Петерсбург, а вечерта во 21 часот на „Алијанц Арената“ во Минхен ќе се судрат Белгија – Италија.
Вториот ден од четвртфиналните дуели ќе биде резервиран за средбите Чешка – Данска (18 часот) односно Украина – Англија (21 часот). Натпреварите се играат во Баку односно во Рим.
- Двојки 1/4 финале
Петок:
18ч Шпанија – Швајцарија (Санкт Петерсбург)
21ч Белгија – Италија (Минхен)
Сабота:
18ч Чешка – Данска (Баку)
21ч Украина – Англија (Рим)
OhridNews