Распитот на осомничените за убиството на 34-годишниот турист од Србија, Дејан Новаковиќ, продолжи денеска во Основниот суд во Охрид. Тие беа донесени од Истражниот затвор во Скопје под силно полициско обезбедување. Продолжуваат и активностите на Охридската полиција која повикала на распитот повеќе лица за кои постојат индиции дека можат да помогнат во расветлувањето на немилиот настан.


Распитот на осомничените продолжи под силно полициско обезбедување

OhridNews