Вкупно четири компании се пријавиле на огласот за набавка на 302 двокатни автобуси од кои 300 од затворен тип и два од отворен тип за градскиот сообраќај, што го распиша Владата.

Еден отворен автобус според најавите на Владата, ќе му биде предаден на Охрид за панорамско разгледување на градот.

На огласот, како што објави Министерството за транспорт и врски, се пријавиле Zhengzhou Yutong Group so Ltd од Кина, Санос Доо – Македонија, King Long Bulgarija Ltd  од Бугарија и PRE – OS од Словачка.

Најповолниот понудувач ќе биде познат по разгледување на пристигнатите понуди од страна на Комисијата за спроведување на јавната набавка.

ohridnews