Градоначалникот на општина Дебрца распиша оглас за пројавување интерес за избор на директор во јавното претпријатие за комунална дејност Дебрца- Белчишта.
Кандидатот за директор треба да ги исполнува следните услови за извршување на работата предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта : да е државјанин на Република Македонија ; да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 ; во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност; да има минимум 5 години работно искуство ; поседува еден од следните меѓународно признати сретификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа : ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, ИЕЛТС – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ 0 најмалку Б2 ниво, ФЦЕ – положен, БУЛАТС – најмалку 60 бода, или АПТИС – најмалку ниво Б2 . Кандидатот треба да достави и програма за работа на Јавното претпријатие.
– Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа, и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици, потенцираат од локалната самоуправа на општина Дебрца.
Сите пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервју. Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико лично во архивата на општина Дебрца или по пошта на следната адреса : Општина Дебрца, село Белчишта, за Градоначалник со назнака (за оглас за пројавување интерес за избор на Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта). Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето на дневните весници.
Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, минатата недела беше разрешена директорката на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска.
OhridNews