По повод традиционалната културна манифестација “ВЕЧЕР НА ЧИНГО”, а во знак на почит кон творештвото на познатиот македонски писател Живко Чинго, Општина Охрид распиша конкурс за најдобар расказ.

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул.”ДИМИТАР ВЛАХОВ”бр.57 со назнака:ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ, а краен рок за доставување на трудовите е 30.07 2009 година.

Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат на 08 август, а наградата за најдобриот расказ изнесува 30 000 денари.

Ohridnews