Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награда денеска го објави годинешниот Конкурс за доделување на највисокото општинско признание Наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“

Општина Охрид во чест на празникот  „Св.Климент Охридски“, Патронот на Охрид и годинава доделува една награда и три повелби. Наградата се доделува за животно дело (остварувања за подолг изминат период што претставува творечка или континуирана работна целина).

Повелбата се доделува за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општина Охрид што претставуваат посебен придонес за нејзиниот развој и севкупен напредок и афирмација во Републиката и Светот.

Право на учество на конкурсот имаат физички и правни лица од Охрид, Република Македонија и од други држави, како меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.

Конкурсот трае 15 дена, а пријавите треба да се доставуваат на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРС“).

OhridNews