Општина Охрид го распиша конкурсот за доделување студентски стипендии и стипендии за ученици и студенти талентирани млади спортисти.

Двата конкурси траат до 5-ти наредниот месец а ќе бидат доделени 25 студентски стипендии за студенти кои се родени и живеат во Охрид и 10 стипендии за ученици и студенти талентирани млади спортисти кои не се постари од 21 година. Месечниот износ на стипендиите (по двата конкурси) е 2.000 денари.

– Сакајки конкретно да даде придонес во барем минимално ублажување на социјалната положба на младите сограѓани кои студираат и да се стимулира нивната определба да студираат, како и на сограѓаните-ученици или студенти кои се талентирани млади спортисти, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и годинава ќе додели стипендии, информираат од локалната самоуправа.

Ohridnews