Распишан конкурсот за 32. издание Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“ кој ќе се одржи на 29 и 30 август на добро познатата локација Долни Сарај.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“ се композицијата да има назнака за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк или Интернационална), да се испрати демо-снимката и текстот да биде на македонски јазик, композицијата да има наслов, да не е изведувана, сето проследено со податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот) и контакт информации. Демо-снимките треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите, а конкурсот е отворен до 1 јуни годинава.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на електронската адреса: [email protected].

OhridNews