Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца.
Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 20.2.2025 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта [email protected]. Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот, информираат од Здружението.
Добитниците на наградите ќе бидат објавени на настанот посветен на Тоде Илиевски, кој ќе се одржи на 7 март 2025 година во Охрид, додека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат објавени во електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“.
Минатата година наградите ги добија: прво место, Сузана Ѓорѓиевска со песната „Песна за една врана ненаспана“, второ место Јана Сиљаноска за „Оглас на инстаграм“ и трето место Слаѓана Ставрева за „Сватови зеленчуковци“.
Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.
OhridNews