Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 16-ти ноември 2018 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер. Таа не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци.На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. – информира Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, која го распиша конкурсот.

За изборот, односно наградата, одлучува 3 члено жири составено од реномирани автори од земјата.

Заинтересираните автори необјавената поема треба да ја испратат на адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6 000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2018 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата.

OhridNews