И годинава Општина Охрид во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ – Патронот на Охрид доделува една награда и три повелби. Наградата се доделува за животно дело (остварувања за подолг изминат период што претставува творечка или континуирана работна целина), додека повелбата се доделува за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општина Охрид што претставуваат посебен придонес за нејзиниот развој и севкупен напредок и афирмација во Републиката и Светот.
Право на учество на конкурсот имаат физички и правни лица од Охрид, Република Македонија и од други држави, како меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници. Во пријавата треба да наведат за што аплицираат (награда или повелба), како и да достават кратка биографија и образложение за какви остварувања аплицираат.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето, а пријавите во наведениот рок треба да бидат доставени до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при општина Охрид.