Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле” распиша Конкурс за избор на наставник, лице во лекторско звање и соработници на единиците во состав на Универзитетот.

На Факултетот за комуникациски мрежи безбедност потребен е еден соработник во соработничко звање асистент по математика, на Факултетот за компјутерски науки и инжинерство ќе се вработуваат два извршители асистенти по Програмски јазици и технологии , еден извршител асистент во наставно-научна област: Процесирање на податоци и еден извршител асистент во наставно-научна област: Организација и методологија на проектирање на сметачки системи (хардверски системи, софтвер).

На Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика еден асистент, во наставно-научна област: Програмски јазици и технологии, и на Факултетот за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника  потребен е еден лектор/виш лектор по англиски јазик,  наставник во сите наставно-научни звања, во наставно-научна област: Математика и  соработник  во соработничко звање асистент, во наставно-научна област: Теорија на литературата и Општа и компаративна литература.
 
Кандидатите, покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научно, лекторски и соработнички звања пропишани со Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид.

Конкурсот трае 21 ден од денот на објавувањето.

OhridNews