Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ распиша конкурс за нови композиции за годинашното 29. издание.

За учество на фестивалот потребно е да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик, наслов на композицијата, назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната, фолк или интернационална и композициите да не се изведувани, како и податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации на [email protected].

Рокот за пријавување на песните е 20 мај годинава, а може да учествуваат сите домашни и странски автори, кои ги исполнуваат условите.

Фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ ќе се одржи на 2 и 3 септември, преку фолк и интернационална вечер, на сцената Долни Сарај во Охрид.

Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година.

OhridNews