Во чест на празникот на Патронот на градот, градоначалникот на општина Охрид распиша конкурс за доделување на највисоките општински признанија- награда и повелби „ Св. Климент Охридски“ со кои се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и светот.
Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Конурсот трае заклучно со 20.11.2015 година сметано од денот на објавување на конкурсот.
OhridNews