За одбележување е дека Советот на Општината на последната седница изврши дополна на Правилникот за доделување на наградата со која, за разлика од минатата година, предлози сега можат да даваат правни и физички лица, поединци и институции, а не само кандидатите за наградите како што тоа беше минатата година.
Општина Охрид во чест на празникот „Св.Климент Охридски“, Патронот на Охрид за 2008 година доделува една награда и три повелби. Наградата се доделува за животно дело (остварувања за подолг изминат период што претставува творечка или континуирана работна целина).
Повелбата се доделува за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општина Охрид што претставуваат посебен придонес за нејзиниот развој и севкупен напредок и афирмација во Републиката и Светот.
Право на учество на конкурсот имаат физички и правни лица од Охрид, Република Македонија и од други држави, како меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници. Повеќе детали за условите од конкурстот можете да прочитате соопшението што се емитува на нашата веб страна.