Десеттици години наназад Барселона испишуваше позитивни рекорди и освојуваше титули во Лигата на Шампиони. Но, синоќа, каталонците изгубија 8-2 од Баерн Минхен во 1/4 финалето и го претрпеа највисокиот пораз во историјата во нокаут фазата во најквалитетното клупско натпреварување.
Рекордниот пораз само ја покажа голата вистина со која Барселона мораше да се соочи. Најискрено после натпреварот со Баерн Минхен беше Жерард Пике. Еден од столбовите на екипата рече дека потребни се промени и оти е подготвен тој прв да замине, ако е потребно.
На дното сме! Ова е катастрофа. Не е дозволив ваков пораз и игра која не се опишува со зборови. – изјави Пике.
Прва жртва после поразот е тренерот Кике Сетиен. Како што јавуваат фудбалски агенти, Сетиен експресно ќе добие отказ без ниту малку простор за разговор со раководството.
За нов тренер прв кандидат е Маурицио Почетино, а, се споменува и името на клупската легенда Чави Хернандез.
OhridNews