Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција Вардар го разреши данскиот стратег Ким Расмусен од позицијата консултант-тренер, на која беше промовиран пред две недели.


– Ова е комично и нехумано. Јас во Скопје бев само 16 дена и неможам да направам чудо за две недели, а сигурно мојот отказ е поврзан со поразот од Лајпциг – рече Расмусен за данските медиуми.

Селекторот на женската репрезентација на Полска смета дека наредбата за отказ стигнала од првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко.

– Одлуката не е изненадувачка од мене кога се работи за клуб воден од руски милионер. Ризикот секогаш е присутен и отказот можам да кажам дека не го очекував, но не сум воопшто изненаден. Жално е што клубот го водат луѓе кои немаат никакво чувство за ракомет – додаде Расмусен.

Сезонава „црвено црните“ атакуваат на висок пласман иако не тргнаа најдобро во втората фаза.

– Вардар има неверојатни услови и голем потенцијал, но треба да се променат некои работи за да се направи финалниот чекор – заврши данскиот стручњак.

Ohridnews