Првиот човек на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во изјава за весникот „То Вима“ вели дека не гледа евентуално решение на спорот за името меѓу Атина и Скопје пред одржувањето на ноемврискиот самит на алијансата во Лисабон.

 „Немам индикации дека решение е можно пред самитот во Лисабон“, ja пренесува „Макфакс“, изјавата на Расмусен.

Изјавата на Расмусен е дадена во рамки на посетата на Атина, за време на која првиот човек на НАТО, повикувајќи се на заклучокот од самитот во Букурешт во 2008-ма година, рече дека Македонија ќе се придружи на алијансата во оној момент кога ќе се изнајде решение на спорот со името.

OhridNews
извор:„Макфакс“