По двегодишна врска и заеднички живот, актерката Рене Зелвегер и актерот Бредли Купер одлучиле да стават точка на својата врска. Ѕвездата на филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ во последниве две години никогаш јавно не зборувала за нивната врска, но Купер зборувал.
Рене била блиска со семејството на Купер, па дури и не се појавила на доделувањето на златните глобуси поради смртта на таткото на сега веќе поранешното момче. За нивното раскинување се зборувало и во февруари, бидејќи на забавата по повод доделување на оскарите се појавиле одвоено, и не стоеле еден покрај друг ниту еден момент.