Некогашниот шампион во формула 1, Луис Хамилтон, и атрактивната пејачка Никол Шерцингер одлучиле да стават точка на својата четиригодишна врска. Англичанецот и седум години помладата пејачка во последниве неколку месеци речиси и да не се гледале, а медиумите нагаѓале дека во прашање е само денот кога ќе објават дека раскинале.
Луис и Никол имале многу обврски изминативе месеци и било речиси невозможно да минуваат време заедно. Шерцингер била дел од жирито во емисијата “X Faktor” и не можела да го напушти Лос Анџелес, додека Хамилтон поради трките патувал низ целиот свет. Тие се запознале во 2007 година на доделувањето на европските музички награди. Никол во 2008 година била редовен гостин на трките на формула 1, а Луис сезоната ја завршил со освојување на титулата светски првак.