Еден пријател на актерот изјавил дека Леонардо никогаш не бил со девојка како Блејк. Знаеле едноставно да дружат во неговиот дом и им било супер. Таа често му готвела, а тој бил многу среќен бидејќи никогаш не бил со девојка која знае да готви.
Портпаролите на поранешниот пар го потврдиле раскинувањето и додале дека Леонардо ди Каприо и Блејк Лајвли ќе останат добри пријатели. Веста прв ја објавил таблоидот „US Weekly“ кој прв дознал за раскинувањето по петмесечната врска. Раскинувањето изненадило голем број од пријателите на актерот, а еден дури и рекол дека никогаш не го видел Леонардо толку среќен и внимателен кога станува збор за девојка.