Тинејџерките ширум светот кои сонуваат за Џастин Бибер, сега се еден чекор поблизу до остварувањето на својот сон. Поп ѕвездата ја прекинала врската со својата девојка Селена Гомез по две години забавување. По бројните турбуленции одлучиле да тргнат секој по својот пат. Како што пренесуваат медиумите, причина се пренатрупаните распореди и честите патувања, поради кои многу ретко се гледале.
Бибер веќе почнале да го поврзуваат со деветнаесетгодшината манекенка на Викторија Сикрет Барбара Павлин. Тие двајца биле видени во кино во друштво на неколку пријатели.