Веќе долго се заедно, но кружат гласини дека славниот пар Кристијано Роналдо и Ирина Шајк ја прекинале својата долгогодишна врска. Минатата година биле заедно на престижниот настан на ФИФА каде славниот фудбалер бил прогласен за најдобар на светот по трет пат. Тогаш прекрасната руска манекенка му дала поддршка на саканиот и на социјалните мрежи, но тоа не се случило и оваа година. Имено, Ирина веќе со денови се одмара далеку од сите, но затоа редовно објавува разголени фотографии во бикини од егзотичниот одмор каде и го прославила роденденот.

 

Очигледно Роналдо не е со неа бидејќи ја преземаше Златната топка на доделувањето на наградите во Цирих. Интересно е тоа што славниот фудбалер не ја спомнал Ирина во својот говор на церемонијата, што уште повеќе ги поттикнало гласините дека славниот пар веќе не е заедно. Засега тоа се само шпекулации, но доколку навистина прекинале, сигурни сме дека за тоа ќе се огласат преку своите профили на социјалните мрежи.