Американската пејачка и манекенот беа во врска пет месеци. Нивната врска неколку пати била во криза, но на крајот секогаш победувала љубовта, меѓутоа овој пат по се изгледа навистина е крај. Мајли и Патрик после пет месеци решиле да стават точка на својата врска. Како што велат, причина за раскунувањето е тоа што имаат различни цели во животот. Мајли сака да се посвети на градење на својата кариера, додека Патрик студира на Универзитет во Јужна Кореја и се занимава со манекенство.
Иако Патрик бил склон кон неверства, Мајли му простувала. Имено, Патрик за време на одморот бил фотографиран во прегратките на една непозната девојка. Му било доста непријатно поради тие фотографии, се правдал и се извинувал, после што Мајли му простила. Меѓутоа, крајот дошол поради тоа што едноставно не можеле да ги усогласат своите цели во животот.