После пет години и неколку љубовни кризи, Ана Курникова и Енрике Иглесијас ја прекинаа врската, а една од причините како што објавија некои американски едиуми била таа што Иглесијас не бил подготвен да има деца.

Парот се запозна во 2002 година на снимањето на спот за Иглесијас во кој руската тенисерка глумеше негова девојка, а неколку години подоцна тие се верија. Во јавноста беа неразделни, а за бракот смета дека ништо нема да промени во нивната врска.


Курникова и Иглесијас

По раскинот, кој наводно бил спогодбен, двојката се упатила на различни страни, Енрике во Стокхолм, каде ќе го промовира својот нов албум, а Ана во Лас Вегас на одмор. За помирување наводно нема место, бидејќи како што тврдат нивните пријатели раскинот се подготвувал веќе подолго време.

index