Една од најубавите тенисерки на сите времиња, Ана Курникова, раскина со својот дечко, поп ѕвездата Енрике Иглесијас. Таа, после жестоката расправија, латино пејачот го исфрлила и тоа од неговиот стан.


Како што пишуваат светските медиуми, Енрике бил во потполна параноја, па на Ана и испратил СМС порака во која ја запросил! Не е познато како Курникова реагирала на брачната понуда, но како што стојат засега работите – ништо од свадба.

Ана почнала да се забавува со Енрике уште пред неколку години, а се запознале на снимање на негов спот. Случајно или не, нивната соработка започнала со страстен бакнеж пред камерите (за потребите на спотот) за наскоро и официјално да станат пар.