Во еден ден, Даниел Стариџ успеа да го раскине договорот со турскиот клуб Трабзон и да добие четири месечна суспензија од Фудбалската федерација на Англија. Суспензијата стапува на сила веднаш и ќе важи до крајот на тековната сезона.

Според куќата на фудбалот во Англија, Стариџ прекршил правило и на својот брат му кажал информации за негов потенцијал трансфер во Севиља. Од преселбата во Шпанија ништо не се случи, но Стариџ прекршил правило.

Стариџ, првично суспендиран беше две недели и казнет со 75 000 фунти. Но после новото прегледување на доказите, казната беше смената на четири месечна суспензија и парична казна од 150 000 фунти.

Стариџ во Трабзон се пресели од Ливерпул и во турскиот клуб се задржа само шест месеци.

OhridNews