Расказот   “Слово Горко, Слово Жалосно“ – под шифра “Лицем светци, срцем волци“ победи на конкурсот за најдобар расказ што општина Охрид традиционално го распишува во знак на почит кон творештвото на познатиот македонски писател Живко Чинго.


Според комисијата расказот на модерен, оригинален и репрезентативен начин ја предава легендата за затварањето на Архиепископот Арсенија и укинувањето на Охридската архиепископија.

На конкурсот се пријавија 49 раскажи од кои според комисијата во потесен избор се издвоија пет раскази.

Наградата за најдобриот расказ изнесува 30 000 денари, а ќе биде доделена на културната манофестација „Вечер на Чинго“, што ќе се одржи на 13 август во Велгошти.

ohridnews