Еден апарат на бензиска пумпа во Франција ги усреќи шоферите со пет пати поефтин бензин од нормалната цена. Па така за 1 литар гориво место 1.396 евра пумпата наплаќала по 25 евроценти.

Од автоматскиот апарат вкупно 189 возила наточиле гориво по цена од 25 евроценти за литар, па така во рок од 2 часа по оваа цена биле наточени 11 000 литри гориво, кое на бензиската пумпа ја чинело 12 000 евра.
Управникот на бензиската пумпа изјавил дека нема никакви докази за преправање на пумпата, а дури и по увидот кој бил извршен заедно со полицијата не била најдена причината за дефектот.