Со погодокот на Маркус Рашфорд во судиското продолжение Манчестер Јунајтед го совлада Бурнмаут (2-1) на „Виталити“ стадионот и прокнижи три бодови на табелата во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ не го започнаа натпреварот најдобро, а домашните фудбалери го казнија со водечки погодок во 11-та минута. Половина час им беше потребен на гостите да се консолидираат и да го покажат најдоброто од себе. Пред крајот на првиот дел Ентони Марсијал го изедначи резултатот после додавањето од Алексис Санчез.

Во второто полувреме Манчестер Јунајтед го надигра Бурнмаут, а недостстуваше само погодок за крунисување на иницијативата. Наградата за храбрата игра на „црвените ѓаволи“ стигна во втората минута од судиското продолжение кога Рашфорд најдобра се снајде во казнетиот простор и погоди за водство и конечна победа.

Со трите бодови Манчестер Јунајтед се израмна со Бурнмаут на табелата и полека се приклучува кон водечките на табелата во англиската елита.

OhridNews