Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд ги постигна два погодоци за Манчестер Јунајтед во триумфот над Тотенхем 2-1 (1-1) и го одбележа враќањето на Жозе Мурињо на Олд Трафорд како менаџеро на противникот.
„Црвените ѓаволи“ поведоа во 6-та минута од мечот после ударот на Рашфорд и слабата интервенција на голманот на Тотенхем. Избраниците на Жозе Мурињо од шокот се созедоа после половина час игра и израмнија со голот на Деле Али. Конечниот удар за победа, домашните фудбалери го зададоа на стартот од второто полувреме. Рашфорд сам изнуди удар од белата точка и го реализараше за ново водство. До крајот, Манчестер Јунајтед го задржа благодарание на Де Геа и запиша нови три бодови на табелата во Премиер лигата.
Резултати:
Челси – Астон Вила 2-1
Лестер – Ватфрод 1-0
Мен Ју – Тотенхем 2-1
Саутемптон – Норвич 2-1
Вулверхмептон – Вест Хем 2-0
Ливерпул – Евертон
OhridNews