Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата, со погодок во судиското продолжение обезбеди минимален триумф од 1-0 против Вулверхемтпон, во 16-та рунда од Премиер лигата.

Таличен за „црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец во третата минута од продолжението со мала доза на среќа и помош од противничките играчи ја погоди мрежата на Руи Патрицио.

Со новите три бодови, Манчестер Јунајтед дојде на два поени од лидерот Ливерпул кој во „црвените ѓаволи“ добива сериозен ривал за титулата во Премиер лигата.

OhridNews