Во моментов најдобриот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд постигна гол на синоќешното гостување кај Барселона (2:2) во плејофот на Лига Европа и израмни сопствен рекорд.

Сега Рашфорд има 22 гола, исто колку што постигна во сезоната 2019/20.

Во тековната сезона, Рашфорд 12 пати се запиша во листата на стрелците во Премиер лигата, пет пати во англискиот Лига куп, четири гола даде во Лига Европа, еден во ФА Купот.

Со оглед на тоа дека крајот на сезоната 2022/23 е далеку, Рашфорд многу веројатно ќе постигне нов рекорд по ефикасност во дресот на „Црвените ѓаволи“.

OhridNews