Манчестер Јунајтед експресно му се врати на победите во Премиер лигата совладувајќи го Лестер со минимални 1-0 на „Кинг Пауер“ стадионот во мечот од 25-та рунда во англискиот шампионат.

Човек на одлука беше Маркус Рашфорд кој го постигна единствениот погодок на мечот. Англискиот репрезентативец во 9-та минута со одмерен удар во спротивниот агол со погодокот го круниса додавањето од Пол Погба. „Лисиците“ и покрај констатните напади не успеаја да го надмудрат Давид Де Геа.

Избраниците на норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјаер со триумфот на гостински терен докажаа дека ремито со Барнли на Олд Трафорд било лош ден. На последните осум натпревари Манчестер Јунајтед под водство на Солскјаер забележа седум победи.

Денешната програма во англиската Премиер лигата ќе се комплетира со дербито на Етихад помеѓу Манчестер Сити – Арсенал.

OhridNews