Актерот Расел Кроу го сакал назад своето семејство. Имено, два месеци откако се разделил од сопругата Даниеле Спенсер, актерот зажалил за својата одлука. Му недостигале неговите синови, осумгодишниот Чарлс и шестгодишниот Тенисон, но како што вели му недостигала и сопругата.
На својот Твитер налог напишал дека штом ќе заврши со снимањето на филмот “Les Miserables” ќе се обидел повторно да го собере семејството. Се осврнал и на гласините за неговата наводна афера со Кејти Ли, сопругата на Били Џоел. Рекол дека тоа биле гнасни и големи лаги. Рекол дека во последно време деновите ги минува дружејќи се своите пријатели, а на Твитер профилот покрај другото напишал дека минал еден прекрасен ден со добриот пријател Колин Фарел.