Актерот Расел Кроу би требало да глуми во своевиден римејк на популарниот филм „Дракула“ со име „Хакер“ чиј продуцент ќе биде Леонардо ди Каприо. „Хакер“ раскажува приказна за познатиот вампир, грофот Дракула од гледиштето на Џонатан Хакер, кој овој пат  не е адвокат, туку истражител во Скотланд Јард кој истражува убиста во Велика Британија.

Славниот актер и студиото „Warner Bros“ сеуште се во преговори, а засега не е познато дали на Расел Кроу му се нуди улогата на Дракула или на Хакер. Исто така сеуште не е објавено кој покрај Расел би се нашол во актерската екипа.