Холивудскиот актер Расел Кроу ќе игра во акциониот филм “Broken City”, во кој партнер ќе му биде Марк Валберг, било објавено на сајтот Дедлајн. Валберг ќе игра поранешен полицаец кој станува приватен детектив и открива скандал со недвижности кога градоначалникот (Кроу) го ангажира да ја шпиунира неговата сопруга.


Филмот ќе го режира Ален Хјуз, најпознат како корежисер на акциониот трилер „Книга на спасот“. Расел Кроу неодамна ја прифатил улогата на биолошкиот татко на Супермен во филмот „Човек од челик“. Таа улога во првиот филм за Супермен од 1978 година ја имал Марлон Брандо.