Ѕвездата на филмот „Гладијатор“, Расел Кроу, ќе ја игра главната улога во библиската драма „Ноа“, чија премиера е закажана за 2014 година. Покрај Кроу, во остварувањето на Дарен Аронофски ќе играат и Џенифер Конели, Ема Вотсон и Ентони Хопкинс.

Сценариото го напишале Дарен Аронофски, Џон Логан и Ари Хендел. На првите фотографии од снимањето ѕвездите се гледаат во искината облека, а Расел Кроу е со голема брада и избричена глава.