Оскаровецот Расел Кроу и наградуваниот режисер Дарен Аронофски ќе ги здружат силите во снимањето на библиски блокбастер, филмот „Ное“, пренесуваат американските медиуми. Ѕвездата на филмот „Гладијатор“ ќе работи со режисерот на „Black Swan“ на филмска адаптација на познатата приказна за големиот потоп од Библијата.


Аронофски соопштил дека се радува што Расел Кроу ќе биде на негова страна во оваа авантура. Исто така рекол дека се радува што ќе работи со актерот, а и се заблагодарил на компанијата „Парамаунт“ што го поддржале неговиот план да го оживее библискиот еп. Филмот во кината би требало да се појави во 2014 година.