Оскаровецот Расел Кроу би можел наскоро да се испроба и како режисер на долгометражен филм, пренесуваат американските медиуми. Кроу наводно размислува за снимање на полициската драма „77“ за која сценариото го напишал писателот на серијата „Ред и закон“, Дејвид Метјуз.


Кроу веќе се испробал како режисер во документарниот филм „Тексас“, а претходно режирал и видео спот за неговата сопруга Даниела Спенсер за песната „Wish I’d Been Here“.