Оскаровецот Расел Кроу за прв пат ќе застане и позади камерата, а за свое режисерско деби ја избрал историската драма “The Water Diviner”. Кроу во филмот игра австралиски фармер чии синови исчезнуваат за време на битката кај Галиполи во 1919 година. По наговарање на неговата сопруга, тој патува во Турција да ги пронајде, пренесуваат електронските медиуми.
Покрај Кроу кој е носител на главната улога, во филмот настапуваат уште и Олга Кириленко, Џаи Кортни, Џем Јилмаз и Јилмад Ердоган. “The Water Diviner” во кината би требало да пристигне во јануари 2015 година.