Новинарот на радиото ББЦ, Марк Ласон го запрашал Расел Кроу за неговиот ирски нагласок во филмот „Робин Худ“. Овој му одговорил дека е потполно глув доколку чул ирски нагласок. Водителот продолжил со прашања за нагласокот и се заинтересирал дали акцентот е од Северна Англија.


Расел изнервирано му одговорил дека акцентот е Италијански, а по прашањето дали е вистина дека при снимањето на филмот „Гладијатор“ не сакал да ја изговори реченицата „Ќе ти се осветам во овој или следниот живот“, Расел станал и го напуштил интервјуто. Расел во новиот филм за Робин Худ ја толкува главната улога.